-->
-->
Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
-->

Екипа од ЈП „Македонија пат “ Подружница Велес е на терен и работи на расчистување на поголем одрон од карпа која падна денеска околу пладне на патот Градско - Велес кај поранешната Хемиска индустрија ХИВ.
Екипата од вработени од ЈП „Македонија пат“ од велешката Подружница замина на терен со машина скип - багер и веќе работи на расчистување на карпата и оспособување на патот, информира за МИА, Ристе Коџобашиев раководителот на оваа велешка подружница на ЈП „Македонија пат“.
Одронот на карпа е последица на обилните дождови и лизгавоста на теренот на овој дел од патот Градско - Велес.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Украденото мора да му се врати на народот
-

Зголемен водостојот на Дојранското и Охридското Езеро
-

Најголемата ноќ во музиката, Греми 2026
-

Приведен 22 годишен битолчанец, управувал возило со 139 километри на час на место каде брзината е ограничена 60
-

Белингам надвор од терените околу еден месец
-

А Бола: Роналдо одлучи да го бојкотира денешниот натпревар на Ал-Наср
-

Случај Епстин: Замрзнати мозоци од Македонија транспортирани во Америка
-

Следните осум месеци посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје
