Македонија
2. February 2026 - 14:54

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ

Екипа од ЈП „Македонија пат “ Подружница Велес е на терен и  работи на  расчистување на поголем одрон од карпа која падна денеска  околу пладне на патот Градско - Велес кај поранешната Хемиска индустрија ХИВ.

Екипата од вработени  од ЈП „Македонија пат“ од велешката Подружница  замина на терен со машина скип - багер и  веќе работи на расчистување на карпата и оспособување на патот, информира за МИА, Ристе Коџобашиев  раководителот на оваа велешка подружница на ЈП „Македонија пат“.

Одронот на карпа е последица на обилните дождови и лизгавоста на теренот на овој дел од патот Градско - Велес.

 

МИА