Македонија
14. јуни 2025 - 16:35
Се реконструира музејот на вода
Музејот на вода кај Градиште кој изминатите години беше оставен на забот на времето се реконструира.Со оглед на тоа дека станува збор за еден од најпосетените локалитети од страна на туристите кој воедно остварува и економски бенефит се врши санација на платформата на наколната населба и кровните конструкции на колибите, а се уредува и целиот комлекс.
Туристите се воодушевуваат од уникатната населба на брегот на Охридското езеро.
Секоја година се поголем е интересот и за подводни авантури особено околу Заливот на коските овој локалитет има што да понуди од културно наследство до ендемични видови флора и фауна. Инаку праисторискиот град и музејот на вода во Градиште беше пуштен во употреба кон крајот на 2008.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->