Се шири големата кашлица во Скопје - за два дена регистрирани 14 нови случаи
За два дена нови 14 случаи на голема кашлица се пријавени во Скопскиот центар за јавно здравје. Најголемиот дел од новозаразените се деца на школска возраст. Три од децата имале контакт со веќе заболено другарче, велат епидемиолози од Центарот. Од почетокот на годината во главниот град регистрирани се 64 лица со пертусис. Повеќето се невакцинирани или некомплетно вакцинирани деца, но бактериската инфекција почна да се шири и кај возрасната популација.
- Веројатно следниот период ќе има промена во демографската слика и очекуваме да имаме регистрирано со голема кашлчица повеќе повозрасни лица, вели проф. д-р Александар Петличковски, претседател на КЗБ
Според лекарите за повозрасните не постои голем ризик, бидејќи болеста успешно се третира со антибиотици.
После првите случаи со хоспитализирани бебиња, од Детската клиника велат дека немаат нови приеми на деца со голема кашлица.
Епидемијата во Скопје го зголеми интересот за вакцинација со Ди-Те-Пер. Само во февруари прва или ревакцина примиле близу 2000 деца само во главниот град.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар