Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија

Државната кардиохирургија ќе биде споена со клиниката за кардиологија во еден заеднички центар. Ваква одлука на предлог на Министерството за зџравство била донесена на последната владина седница во вторникот.
„Со донесената одлука за спојување на двете клиники формираме единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна медицина, кој ќе овозможува континуитет на дијагностичко-терапевтскиот процес, од превенција и дијагностика, до интервентен и хируршки третман, велат од Министерството за здравство. Според здравствените власти, пациентите, ќе добиваат комплетна кардиолошка и кардиохируршка грижа во рамки на единствена установа, без административни пречки и чекање трансфер, што, ќе значи поголема достапност.
Новата здравствена установа ќе се вика – Универзитетска клиника за кардиологија и кардиоваксуларна хирургија, Национален институт за кардиоваксуларни заболувања
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
