Македонија
7. October 2026 - 8:36

Седница на Судски совет, на дневен ред донесување нов Деловник за работа

Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе ја одржи 558-та седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и донесување на Деловник за работа на Судскиот совет.

На седницата, членовите на Судскиот совет, како што е најавено ќе одлучуваат по изјава на судија на Основен суд Гостивар за времено упатување, како и за избор и разрешување на судии - поротници.

На дневен ред е и формирање на Комисија на известители по барања за поведување на постапка за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.

 

МИА