Седум лица убиени, 11 ранети во украински напад со дрон врз автобус во областа Доњецк

Седум лица се убиени, а 11 повредени во украински напад со дрон врз автобус во областа Доњецк, соопшти вршителот на должноста шеф на самопрогласената руска Доњецка Народна Република, Денис Пушилин.
Во објава на Телеграм тој наведе дека дронот погодил патнички автобус што сообраќал на линијата Москва – Симферопол на полуостровот Крим што е исто така под руска контрола.
Руските медиуми јавуваат дека Истражниот комитет веднаш во врска со случајот покренал кривична постапка за извршено дело „терористички напад“.
Украинската страна засега не се огласила за инцидентот.
Во меѓувреме, Русија соопшти дека над повеќе региони биле соборени десетици украински дронови, додека двете страни продолжуваат со меѓусебни обвинувања за нови напади и покрај претходните дипломатски напори за смирување на конфликтот.
МИА
Ново на Сител
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
