„Сејф Сити“: Одземени 90 возила за две недели

Управувањето моторно возило без возачка дозвола претставува кривично дело и согласно законските одредби, по насоки на Основното јавно обвинителство, полицијата има овластување да го одземе возилото. Како управување без дозвола се смета доколку лицето никогаш не положило возачки испит, доколку дозволата му е трајно одземена или доколку управува со возило и покрај изречена привремена забрана.
Од 1 до 16 февруари, на територијата на целата држава се одземени вкупно 90 возила. Најмногу се одземени во СВР Тетово (14), СВР Велес (13) и СВР Битола (12), додека по 11 возила се одземени во СВР Струмица и СВР Куманово, информираат од МВР за Скопје Инфо.
Возилата се чуваат во полициски станици, а понатаму ќе бидат префрлени на локации определени од обвинителството. Во исто време, евидентиран е и пад на бројот на прекршоци регистрирани преку „Сејф Сити“.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
