Бизнис
20. September 2025 - 16:35

Секој трет угостител не издава фискални сметки – УЈП ги повика да го платат данокот

Секој трет угостителски објект и трговец на мало не издава фискални сметки. Управата за Јавни приходи од јануари до август извршила над 3.700 контроли. Кај над 1,000 субјкети констатирала неправилности. 

Сега УЈП ги повикува да го платат данокот и да го пријават скриениот промет – во спротивно ќе се соочат со сериозни санкции. Даночните екперти коментираат  - бројките не се добри, секое изигрурвање на законот го оштетува буџетот. Мерки против сивата економија мора да има.   

- Ова се лоши резултати кои покажуваат дека голем број субјекти избегнуваат да платат давачки. Не издавањето фискална не значи само не плаќање 18 или 10%, туку и не регистрирање на платата, која е приход. Тој приход се одданочува со данок на добивка, така што со самото неиздавање државата има 50% помалку приходи во буџетот од сумата која не е наплатена преку овие системи. Треба системски да се решава проблемот, како што е во западните земји, изјави Павле Гацов, даночен експерт. 

Еден од начините за сузбивање на неформалната економија е плаќањето со картичка, место во кеш. Државата може да го поттикне тоа ако се демотивираат граѓаните да подигаат готовина, ако воведуват данок за секоја транскација од банкомат.

- Државата може многу да направи ако сака да ја сузбие сивата економија. Еден од начините е да воведе данок од 0,5% при секое подигнување готивина. Знаете колку се сензитивни граѓаните кога треба да платат кон државата. Банките веќе го прават тоа, со што си наплатуваат при секое вадење пари од банкомат. Зошто тие пари да не завршат кај државата?, додава Гацов

Управата за јавни приходи на неделно ниво ги објавува податоците од извршените контроли. Бројките се слични. Секоја трета фирма не издава фискални. Казните се движат до 3,000 евра – во зависност од големината на субјектот – или ако се плати во рок од 15 дена –  компаниите ќе платат само 1,500 евра.