Село во Шпанија со само 40 жители понудило бесплатна куќа и сигурна работа – пристигнале 8.000 пријави, повикот е затворен

Мало село во Шпанија, кое брои само околу 40 жители, привлече огромно внимание со необична понуда за семејствата што сакаат да започнат нов живот далеку од големите градови. Селото Аренилјас, во покраината Сорија, започна иницијатива со која понуди бесплатно сместување и сигурно вработување, со цел да го спречи натамошното иселување.
Како што објави шпанската новинска агенција EFE, локалната заедница обезбедила реновирана куќа за живеење, без плаќање месечна кирија, како и работно место поврзано со одржување и обновување на општинските објекти.
Дополнително, постои можност новодојдените жители да го преземат управувањето со селскиот бар, додека за семејствата со деца е обезбеден бесплатен училиштен превоз до најблиското училиште, оддалечено околу 20 километри.
Иницијативата, која започнала во февруари 2026 година, предизвикала огромен интерес. За помалку од една недела пристигнале 116 пријави, а според шпанските медиуми, до април бројот на заинтересирани достигнал неколку илјади.
Според Cadena SER, до почетокот на април биле примени околу 8.000 пријави од различни делови на светот, по што повикот бил затворен и започнала постапката за избор на кандидати.
Предност имале семејствата со деца кои биле подготвени трајно да се преселат и активно да придонесуваат за животот во селото.
Сепак, понудата не значела дека секој заинтересиран автоматски добива бесплатна куќа и работа. Сместувањето се обезбедувало за користење, а не во сопственост, додека изборот на новите жители се вршел според утврдени услови.
Аренилјас е едно од бројните шпански села што се соочуваат со стареење на населението и иселување на младите, поради што локалните заедници бараат нови начини да го зачуваат животот во руралните средини.
Ново на Сител
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
