Селски двор во Габрово попривлечен и од познатите летувалишта
Обичен селски двор поатрактивен од најлуксузните летувалишта. Така велат холнаските туристи кои решиле да ја посетат Македонија и нејзините природни убавини.
Воодушевени и презадоволни од гостопримството, храната и раскошната природа беа и групата туристи која како дел од нивната тура го имаше и селото Габрово. Тука тие посетија фарма за производство на органско овошје и зеленчук и ручаа во еден од селските дворови. Ги пречекаа со трубачи и старата македонска песна.
За Македонија знеле многу малку и тоа од интернет, тоа што го виделе им се допаднало, но позитивното изненадување следувало откако дошле тука. Велат им се допаѓа се, од луѓето и нивната срдечност, па се до сместувањето,.
„Го имам прошетано половина свет и воопшто незнаев што да очекувам од Македонија. Но пријатно сум изненадена, од природата, планините и зеленилото, бевме и во Охрид, се воодушевив, а многу сум фасцинирана од луѓето. Посебно ми е интересно вашето писмо и кирилицата, многу е возбудливо да ги учам буквите. Следниот пат нема да дојдам со група, ќе дојдам со кола и со пријателка да и ги покажам и нејзе убавините , а и да имам повеќе време да прошетам и да се запознаам со сите убавини, вели туристка од Холаднија.
„Гледав на интернет клипови од Македонија , се воодушевив колку е убава и тогаш одлучив да дојдам и да видам како е навистина. Многу ми се допаѓаат луѓето, љубезни се и добри, многу сум пријатно изненаден од целата атмосфера во која не пречакаа. За мене се е ново и интересно, вели турист од Холандија.
„Сме биле на многу места низ светот, но овде навистина е преубаво. Бевме во една винарија и многу ми се допадна подрумот со буриња, но и глетката кога се будиш наутро, лозови насади, а околу нив планини, вели туристка од Холандија.
После орото и песната со која беа пречечани , на отворено, под дебелата сенка од киви на дрвени клупи послани со македонки килими време е за традиционална кујна. Додека во фурната се пече лебот од кој мирисот се шири низ целиот двор, ручекот започнува со домашна супа.
Домаќинот, Костадин Костадинов вели дека во пречекот на гостите е вклучено целото семејство. Во зависност од групата понудата е различна, но едно е задолжително , домашен грав и ориз со пилешко кои се подготвуваат пред нив на шпорет на дрва.
„Типично во подгорскиот крај кога доаѓаат гости од страна се сервира тавче гравче, ориз и пилешко месо. Тоа е старо јадење кое се сервира многу оддамна во знак на гостопримство кон гостот, вели Костадин Костадинов, домаќин.
После ручекот следува здравица со домашна ракија и вино, а за десерт свежа лубеница и диња. Посетата завршува онака како што започна со старата македонска песна, но овој пат без трубачи и оро, туку на маса, за душа.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
