Сестра на ГАК повредила новороденче додека му вадела канила – повредата била санирана и бебето е добро
Медицинска сестра на Клиниката за гинекологија и акушерство со ножици пресекла мал дел од палецот на новороденче додека се обидувала да го отстрани фластерот над канилата пред да го пуштат дома. Веднаш бил повикан детски хирург кој ја санирал повредата и бебето нема да биде без прст, ниту ќе има инвалидитет, информираат од ГАК. Овој немил настан се случил на почетокот на месецот, по објавата на неколку портали со целосни информации се огласија и од установа и од министерството за здравство.
Од Клиниката велат дека сестрата била суспендирана и дадена на дисциплинска комисија која одлучила согласно законот да добие казна шест месеци со 30 проценти помала плата. Истата е преместена на друга работна позиција каде нема контакт со новороденчиња.
- Сите тие здравствени установи имаат менаџери и дисциплински комисии и според нив тие така си одлучуват, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.
Инаку и гинекологија како и сите останати клиники кубури со медицински сестри. Не добивале одобрување за вработување од финансии. Министерот најави дека до петок ќе имало решение за проблемот со трајно вработување на кадарот кој е со договор на дело.
За починатото бебе во утробата на родилка во август на ГАК од здравство велат дека трудницата имала повеќе болести и комплицирана бременост, а во нејзиниот третман биле вклучени најискусните лекари, но и покрај сите напори после два месеци од придружните компликации починала и жената.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар