Сеул: Северна Кореја истрела балистички ракети кон Источното Море

Северна Кореја денеска истрела повеќе балистички ракети кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на војската на Сеул.
Јонхап го цитираше Генералштабот во Сеул кој соопшти дека ги детектирал лансирањата.
-Нашата војска одржува цврст став на подготвеност додека тесно ги споделува информациите за севернокорејските балистички ракети со САД и Јапонија, во услови на засилен надзор против дополнителни лансирања, соопшти Генералштабот.
Ракетите прелетаа околу 900 километри пред да паднат во морето, се наведува во соопштението.
Јапонската новинска агенција Кјодо, повикувајќи се на јапонската крајбрежна стража, објави дека биле истрелани две ракети за кои постои сомневање дека се балистички.
Јонхап наведува дека Пјонгјанг последен пат лансирал балистичка ракета кон Источното Море во ноември.
На Северна Кореја ѝ е забрането со резолуции на ОН да лансира или дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Овие проектили обично се од типот земја-земја и можат да бидат опремени со нуклеарна боева глава.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Нема компромис со загадувачите - изречени се казни до 53.000 евра
-

Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот
-

Пикот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три недели, изјави Алиу
-

Министерот Борко Ристовски со порака за ракометарите – Играјте со срце за Македонија!
-

Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани на годишно ниво
-

Гренландскиот премиер остро реагира на заканите на Трамп дека ќе ја преземе контролата врз Гренланд
-

Тошковски: Можно е заострување на казнената политика за пиротехнички средства
-

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
