Македонија
13. December 2023 - 16:35

Шaќири: Техничка грешка има во учебникот по математика за 6-то

Техничка грешка направена од авторите има во учебникот по математика за 6-то, вели министерот за образование. Во истиот стои слика на која збирот на аглите во затворен триаголник е 190, наместо 180. По реакциите од наставниците и јавноста, Шаќири не одговори директно на прашањето колку според него е збирот туку побара авторите на учебниците да бидат повнимателни.

-Побарав да се достават официјални забелешки од страна на универзитетските професори кои се вклучени во изработката на учебникот со наведени причини зошто е направена таа грешка. Знаете дека во сите учебниците по математика, и ние кога сме учеле, имало грешки, но верувам дека и таа техничка грешка соодветно ќе се реши, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Грешката на социјалните мрежи ја обелодени професорка од Корчагин која изрази зачуденост.

Лани технички грешки имаше и во Учебникот по Историја и општество дека Македонија на истиок граничи со Албанија, а на запад со Бугарија или дека Монте Еверест е висок 29.305 дури 20.000 метри повеќе.

Тому овој ученик не им е доставен на учениците иако привршува второто полугодие.