Шји Џјинпинг и Путин му честитаа на Ким Џонг-ун по повод националниот празник на Северна Кореја

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг и рускиот лидер Владимир Путин испратија пораки за да му го честитаат на Ким Џонг-ун националниот празник 9 септември и 78-годишнината од основањето на Северна Кореја, соопшти денеска севернокорејската официјална новинска агенција КЦТА.
Шји Џјинпинг во својата порака го увери Ким Џонг-ун дека посакува „да продолжи зајакнувањето на стратешката насока“ на билатералните односи и да работи со севернокорејскиот лидер за развој на двете држави, посочува КЦТА. Кинескиот претседател исто така изјави дека зајакнувањето и развојот на билатералните односи останува „траен и неизменлив приоритет“ за Кинеската комунистичка партија.
Во посебна порака, Путин наведува дека ќе продолжи „да работи во најтесна соработка“ со Ким Џонг-ун за зајакнување на сеопфатното стратешко партнерство меѓу двете држави. Путин додава дека односите меѓу Русија и Северна Кореја ќе придонесат за регионалната безбедност и за „поправеден, мултиполарен светски поредок“.
Двете пораки беа објавени на првата страница на официјалниот весник на ЦК на Корејската работничка партија, „Родонг Синмун“.
КЦТА соопшти исто така дека Ким примил честитки и од лидерите на неколку други држави, вклучувајќи ги Виетнам, Лаос, Камбоџа, Монголија, Шведска, Белорусија, Сингапур, Швајцарија и Зимбабве, по повод годишнината од Денот на основањето на Корејската Народна Демократска Република (КНДР) – 9 септември 1948 година.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
