Шји Џјинпинг: Кина и САД треба да бидат партнери, а не ривали

Кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, повика на соработка со САД во изјавата објавена од кинеската новинска агенција „Синхуа“ по неговото пристигнување во Вашингтон.
Шји беше пречекан од американскиот претседател Доналд Трамп по слетувањето на воената воздухопловна база „Ендрјус“. Неговата сопруга, Пенг Лијуан, лично беше пречекана од првата дама на САД, Меланија Трамп.
Шји е во тридневна посета на САД на покана на Трамп, а за денеска е предвидена официјална средба на двајцата претседатели во Белата куќа.
„Нашите две земји треба да бидат партнери, а не ривали“, порача кинескиот лидер, додавајќи дека „кинескиот и американскиот народ долго време одржуваат пријателски контакти, а нивните интереси се тесно испреплетени“.
Шји посочил дека слоганите „големото обновување на кинеската нација“ и „Да ја направиме Америка повторно голема“ можат да одат рака под рака, да се надополнуваат и да му користат на светот.
Кинескиот претседател уште изјавил дека со нетрпение очекува да разговара со луѓе од различни сфери на животот во САД, со цел да го продлабочи пријателството.
МИА
Ново на Сител
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
-

Мицкоски: Mакедонскиот јазик мора да биде франка лингва во правосудниот систем
-

Нов модел на студентско стипендирање
-

Гужви во пунктовите за имунизација со деца од градинки кои не примиле МРП вакцина
-

Светска недела за подигнување на свесноста за малнутриција
-

Ветеринарните друштва преку мирен протест предупредија дека секторот е пред колапс
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена
