Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени

Во шкотскиот град Глазгов, два музеја ги отстранија египетските мумии од своите поставки, и тоа предизвика поделени реакции во јавноста. Додека раководствата на музеите ја оправдуваат одлуката повикувајќи се на етички причини и почит кон покојните, дел од јавноста и некои политички личности го оценија овој потег како цензура или „лудило“ на тн. „воук-доктрина“ (woke madness), пренесува „Скај њуз“ (Sky News).
Уметничката галерија и музеј „Келвингроув“ (Kelvingrove Art Gallery and Museum) повлече неколку изложени предмети: мумифицираното тело на свештеник по име Некхт, мумифицирана десна рака пронајдена во Долината на кралевите во Луксор, како и мумифицирана машка глава и десно стапало. „Глазгов лајф“ (Glasgow Life) – фондацијата што управува со музејот во име на Градскиот совет, појасни дека отстранувањето човечки останки од јавен увид е во согласност со современите музејски практики, притоа нагласувајќи дека „покојните не дале согласност“ да бидат изложени.
Сличен пристап има и Музејот „Хантеријан“ (Hunterian Museum), со којшто управува Универзитетот во Глазгов. Оваа установа веќе нема јавно да изложува човечки останки што потекнуваат вон Велика Британија – одлука што е претставена како дел од заложбата којашто „треба да биде поетична“. Како резултат на тоа, музејот го покри мумифицираното тело на благородничката Шеп-ен-хор, кое уште од 1820 година се чувало во делумно отворен саркофаг како дел од колекцијата. Од музејот изјавија дека „таа заслужува приватност и по смртта“, се наведува.
MИА
Ново на Сител
-

Студентите денеска на средба со премиерот и министерката за образование
-

Податоците за загадувањето и дивите депонии ќе се дигитализираат и ќе бидат отворени за граѓаните
-

Најмладиот пациент со мозочен удар на 26 годишна возраст
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
-

Светски форум за ориентален тутун во Прилеп - како да се зачува тутунопроизводството наспроти строгите правила на СЈО
-

Преглед на вестите од светот
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
