-->
-->
Шолц: Путин однапред ја испланира војната против Украина
-->

Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц изнесе тврдење дека рускиот претседател Владимир Путин ја обликувал одлуката за инвазија на Украина најмалку две години пред 24 февруари 2022 година.
“Денес сум цврсто убеден дека Путин го планираше својот напад однапред и речиси ништо не можеше да го одврати од тоа,” истакна Шолц.
Тој наведе дека Путин можел да ги исполни значајните барања, како што е отфрлањето на членството на Украина во НАТО или распоредувањето на проектили со голем дострел на украинска територија, без да дојде до вооружен конфликт.
“Сето тоа можеше да се постигне без војна и на крајот Украинците ќе се согласеа, како сите ние. Тоа значи дека тој сакаше војна,” потенцираше Шолц.
MИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
