Штети и проблеми од невремето во западна Грција и на островот Крф

Големи штети, со поплавени домови и улици, лизгање на земјиштето, остави зад себе силното невреме што ја погоди западна Грција, како и островот Крф, а во неколку општини прогласена е вонредна состојба, јави дописничката на МИА од Атина.
Силното невреме со обилни врнежи од дожд, грмотевици и ветер, што траеше речиси три дена, беше најизразено во текот на вчерашниот ден на Крф, во областа Епир, градовите Јанина, Арта, Парга и Игуменица, но и во планински места во северозападниот дел на Грција.
Особено погоден е северниот дел на Крф, каде што има проблеми во над десет села, а заменик-министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Костас Кацафадос денеска е во посета на островот за координација на активностите за санација на штетите.
Во текот на вчерашниот ден од бројот 112 за итни случаи беа испратени три пораки во три различни делови на западна Грција за граѓаните да ги ограничат нивните движења поради силниот дожд и лизгањето на земјиштето.
Локалните медиуми пишуваат дека станува збор за „библиска катастрофа“ и едно од најголемите невремиња во последните години, а голем дел од зафатените планински села се без електрична енергија.
Според податоците на порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, во текот на вчерашниот ден најголема количина дожд, 279,6 милиметри била регистрирана во близина на градот Арта.
Ново на Сител
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Цените на нафтата паднаа, Владата нема да прогласи кризна состојба
-

Мицкоски ќе побара од маркетите да не ги зголемуваат цените на производите
-

Опозицијата бара поевтино гориво
-

Уапсен професор од средното уметничко во Скопје – барал да има полови односи со ученичка
-

Антикорупциска не најде судир на интереси кај Томовски
-

Законот за јавно обвинителство ја помина првата фаза во Собранието со поддршка од 75 пратеници
-

Странските компании го намалуваат бројот на вработени
