Македонија
10. јуни 2024 - 12:16

Штип доби нов полузатворен градски пазар со 100 продажни места

Во Штип пуштен во употреба полузатворен градски пазар. Новиот дел има 100 тезги за продажба на земјоделски производи и ќе овозможи на штипјани посовремени услови за пазарување. Средствата за изградбата на пазарот целосно ги обебеди општината од локалниот буџет.

- Дополнително се создадени и нови 50 паркинг места, со што ќе се подобри функционалноста на самиот пазар. Станува збор за проект на Општина Штип, којшто практично го оставаме на ЈП „Исар“ да управува со Градскиот пазар. Дванаесет милиони денари е инвестицијата за изградба на овој полузатворен пазар, заедно со паркинзите и асфалтирање на сервисната улица, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

ЈП „Исар“ кое стопанисува и со работната единица Градски пазар, учествуваше во санација на просторот и обезбедување на нови тезги.

- Она што го сведочат самите граѓани и пазарџии дека овој начин на пазарување е исклучително добро, бидејќи освен нови тезги има и голем простор по којшто граѓаните слободно можат да се движат и да уживаат во пазарувањето, изјави Кирил Зајков, директор на ЈП „Исар“ - Штип

Со ново изградениот дел, Градскиот пазар во моментов има 220 продажни места, со што се задоволуваат потребите на пазаџиите.