Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
Општина Штип за тековната година очекува од данок на имот да собере околу 60 милиони денари или близу 1 милион евра. Годинава основниот буџет на општината за прв пат надмина 1 милијарда денари, што значи дека по овој основ локалната самоуправа планира да инкасира 6 % од предвидените средства.
- Општина Штип ги издаде решенијата за 2026-та година. Вкупно издадени решенија се 18.650, од кои 18.200 се за физички лица, а останатите за правни лица и споредбено за 2025-та се повеќе за 330 решенија. Во наредните денови ќе започнеме со достава на истите. Најпрво ќе започнеме со достава на решенијата за фирмарина кои се 2800, а потоа и со достава на решенијата за физичките и правните лица, изјави Драган Каров, даночно одделение, ЛС- Штип.
Решенијата освен на адреса хартиено, ќе се достават и во електронска форма.
- На маил адресите кои граѓаните и фирмите ги пријавија до општината, односно кај правните лица тоа се службените маилови кои ги користат , за прв пат ги испративме истите на маил, но решенијата поради законската обврска ќе бидат пратени и по пошта, додаде Каров
За изминатата година наплатата на данок на имот изнесува 75%. За неплаќачите ќе следува камата и присилна наплата. Во однос на висината на средствата, во Штип по овој основ од жител се наплаќа по 1260 денари, што е просечна сума во однос на Струмица и Битола, но повеќе од двојно помала од Скопје, каде поради повисоките цени на недвижностите, од жител за данок на имот се издвојува 2850 денари.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
