Што покажа ревизијата на Онкологија?
Црвен крст повеќе нема да им ја носи терапијата на онколошките пациенти во внатрешноста. Во време на пандемијата ги обезбедувале со лекови малигно болните кои живеат во Кочани, Кавадарци и други градови. Но со укинување на ковид мерките, стручниот колегиум на Онкологија одлучил дека за тоа повеќе нема потреба. Новина на клинката е што од почетокот на 2023 ќе има друг пристап со тратманот на болните од рак.
- Од аспект на олеснување за пациентите, во првите месеци од 2023 г. согласно годишните количини на лековите ќе им бидат издавани лекови за 2-3 месеци по назнака на соодветниот доктор, изјави др. Виолета Клисаровска, в.д. директор на Клиника за Онкологија.
И додека новата менаџерка прави нови стратегии, јавноста никако да дознае дали претходно имаше скандал на Онкологија со недостаток на лекови и милионски долгови на клиниката поради што беше и побарана оставката на претходниот директор Нино Васев. Министерот за здравство уште пред еден месец најави дека побарал ревизија, но за резултатите никој ништо не кажува .
-Побарано е од новата директорка да почен до ревидирање на се што е работено. Секако после тоа ревидирање внатре во клиниката, ние како Министерството ќе имаме надзор врз работењето на тој тим, изјави Беким Сали министер за здравство( 16.11.2022)
Официјален одговор од здравство не добивме, но како што дознаваме ревизијата на онкологија нема да заврши до крајот на јануари идната година а разрешница нема ниту за извештаите од контролите на Фондот во сите јавни здравствени установи иако надлежните кажаа дека ќе бидат јавно објавени.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
