-->
-->
Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-->

Шведска вети дека ќе обезбеди 12,9 милијарди круни (околу 1,2 милијарди евра) воена помош за Украина, што ќе вклучува системи за противвоздушна одбрана, дронови, ракети со долг дострел и муниција.
Најголемиот дел од помошта е за купување новопроизведена опрема за противвоздушна одбрана со краток дострел во вредност од 406 милиони евра, се наведува во соопштението на шведската владата.
Шведска годинава планира да издвои 3,76 милијарди евра воена помош за Украина. Од почетокот на руската инвазија, шведската помош за Украина ќе изнесува 9,7 милијарди евра.
Шведската влада наведе и дека планира да обезбеди гаранции од Светската банка за заем од околу 235 милиони евра за Украина.
MИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
