Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ја честиташе победата на Илијана Јотова која победи вчера на претседателските избори во Бугарија.
- Во име на македонските граѓани и од мое лично име им ја честитам изборната победа на претседателката Илијана Јотова и потпретседателот Кирил Валчев. Успехот на претседателката Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ. Уверена сум дека за време на нејзиниот мандат, Бугарија ќе одигра конструктивна улога во нашиот регион и во Европа - напиша претседателкат на мрежата „Х“.
Претседателката изрази уверуање дека ќе ја продолжат меѓусебната соработка со меѓусебна почит, отворен дијалог и искрено партнерство.
- Со добра волја можеме да ги надминеме постоечките предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да го унапредиме мирот, стабилноста и просперитетот - додава Сиљановска Давкова во објавата.
Кандидидтската двојка Илијана Јотова и Кирил Влчев вчера победија на изборите за претседател и потпретседател на Бугарија со 57,58 отсто од гласовите, додека Андреј Ѓуров и Георги Кандев добија 39,47 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ обвинува за сомнителни банкарски трансфери
-

Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
