Сиљановска Давкова: Извонреден е Договорот со Обединетото Кралство, не факторизира геополитички на Балканот

Извонреден и сосема во ред е Договорот со Обединетото Кралство, не факторизира геополитички на Балканот, ќе не направи поинтересни во регионот и попросперитетни, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Како што оцени Сиљановска Давкова, во Договорот има техничка грешка, но само во англиската верзија и таа деновиве преку размена на ноти може да се исправи.
-Договорот не е како некои договори склучен од погрешни субјекти. Одговорно тврдам дека Договор за промена на име не може да биде склучен од министер за надворешни работи ама беше склучен. Во Уставот јасни се членовите 118 и 119, јасно е дека договорите ги склучуваат шефовите на државите, а кога е утврдено со Закон и Владата. Токму во Законот за надворешни работи се наредени сите овие области: инфраструктура, економија, ИТ, здравство, училишта,... се се тоа капитални инвестиции што нас не прават посилни во натпреварот и не не оставаат сами. Она што во Договорот е техничка грешка, и тоа само во англиската верзија, е предпотписот на заменик-премиерот, односно министерот за транспорт - стои потпретседател на државата во името на Владата. Мислам дека овие денови, утре-задутре, преку обична размена на ноти или информации може да се отстрани согласно Виенската конвенција за договорно право, потенцира претседателката.
Според неа, ако се погледне содржината на Договорот, може да се забележи дека доколку дојде до раскинување, почнатите работи продолжуваат.
-Треба ли да потсетам на многу објекти низ државава кои останаа недовршени зашто немаше во дооговрите исти такви одредби. Кога одите напред и имате гаранција дека тоа можете да го реализирате и односот кон вас се менува, рече Сиљановска Давкова, потсетувајќи дека најголемиот дел од британските инвестиции на Западен Балкан се во Македонија, одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата по повод јубилејот на Државниот завод за статистика.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен
-

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Вечерва во 18 часот се осветлува Скопје: Ѓорѓиевски најави богата новогодишна програма на плоштадот „Македонија“
-

ВМРО-ДПМНЕ со своја Резолуција во Собранието
-

Медиуми во Австралија: Крвавиот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
-

На грчки брод откриени неколку тони кокаин
