Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“, во рамки на нејзината официјална посета на Словенија.
Македонската претседателка вчера оствари средба со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар, која ја пречека со високи државни почести. По средбата, Сиљановска-Давкова имаше и работен ручек со претседателот на Државниот збор на Словенија, Зоран Стевановиќ.
Во рамки на посетата, претседателката положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните, а ги посети и Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, како и македонски иселеници и претставници на македонските културни друштва во Словенија.
Сиљановска-Давкова оствари средби и со членови на Македонско-словенечкиот бизнис-клуб, а во Крањ го посети Македонското културно друштво.
МИА
Ново на Сител
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
-

Министерот за јавна администрација Минчев ја честита 250 годинишнината од независноста на САД
-

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош
-

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД
-

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
