Сиљановска-Давкова ќе се обрати и ќе го прогласи за отворено 65. „Охридско лето“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечер ќе се обрати и ќе го прогласи за отворено 65. издание на Меѓународниот фестивал „Охридско лето“.
Фестивалот што се одржува во Античкиот театар, ќе почне со гала концерт на американската пијанистка Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија, под диригентство на маестро Едвин Оутвотер.
Од утре, во наредните 40 дена Охрид ќе биде домаќин на уметници од целиот свет кои ќе понудат бројни врвни уметнички содржини од областа на музиката, театарот, балетот и визуелните уметнички доживувања. На сцените низ градот ќе настапат најеминентните пијанисти Михаил Пљетњов, Лукаш Вондрачек, виолинистите Вадим Глузман и Џек Либек, виолончелистот Даниел Мулер Шот, легендарната кастањета уметница Лучера Тено во дуо со еден од најзастапените светски харфисти Хавиер де Маестре,...
Во музичкиот дел од програмата тука се и настапите на гудачкиот квартет на кралскиот Концертгебау од Холандија, како и оркестарот Симфониета ди Болоња како претставници на најпрестижните национални оркестри во светот воопшто. Програмата предвидува и претстава за деца, како и два џез-концерти меѓу кои еден на познатиот охридски уметник Дамјан Пејчиновски, како и настап на Националниот џез оркестар со големата ѕвезда Шеон Кути, како обид на фестивалот да ја збогати понудата и да се допре и до најсофистицираните уметнички уживатели.
На 3 август е мега-спектаклот „Кармина Бурана - Симфонија на Битовите“ со повеќе од 70 уметници на сцена.
Меѓународниот фестивал „Охридско лето“ традиционално се одржува под покровителство на претседателот на државата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот