Сиљановска - Давкова ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова денеска ќе има обраќање на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија, што се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“, информираа од нејзиниот кабинет.
„Лидерскиот панел“ ќе го модерира Мевлут Чавушоглу, поранешен министер за надворешни работи на Турција, пратеник во Големото национално собрание и шеф на турската делегација во ПС на НАТО. Останати учесници најавени на панелот се претседателот на Казахстан, Касим - Жомарт Токаев, премиерот на Пакистан, Мухамад Шехбаз Шариф, премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе.
Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Турција, вчера во Истанбул оствари билатерална средба со тускиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на којашто било констатирано дека македонско-турските односи се одликуваат со силно пријателство, доверба и континуирана меѓусебна поддршка.
На петтиот Дипломатски форум во Анталија, што е во организација на Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, се најавени учесници од 155 земји, меѓу кои 21 шеф на држава и влада, 61 министер, како и десетици парламентарци.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
