Силјановска Давкова на конференција за обнова на Украина во Берлин
Ако по Втората светска војна, Маршаловиот план, беше израз на солидарност кон разрушената Европа, сега е неопходен нов вид Маршалов план за разрушената Украина, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова обраќајќи се на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин. Според претседателката, неопходно е инвестирање не само во патната и во енергетската инфраструктура, туку и во човечката, образовна, социјална и нормативна инфраструктура.
Шефовите на држави и влади беа пречекани од домаќинот , германскиот канцелар Шолц, а фокусот е ставен на продолжување на поддршката за завојуваната Украина и нејзина повоена обнова.
Шолц порача дека реконструкцијата и модернизацијата на земјата ќе бараат огромни инвестиции, но се надеваат на близу 500 милијарди долари од Светска банка во наредните десет години.
“.„Би сакал да ги повикам сите собрани овде денес: поддржете ја нашата иницијатива за зајакнување на воздушната одбрана на Украина со се што е можно“.„Никој овде не може да каже денес кога ќе заврши војната. Но, она што можеме да го кажеме е ова: ќе заврши. (Паузира) Ќе ја реконструираме Украина, посилна, послободна и побогата од порано. Милиони Украинци кои сега живеат во нашите земји можат да бидат живи мостови, жени и мажи кои го зборуваат јазикот на другата земја, кои работат во компании овде и кои веќе утре може да играат важна улога во обновата на Украина. Тоа е во народот. Добредојдовте во Берлин, Слава Украина!“ (слава на Украина) 2 и 3 дел
Украинскиот претседател Зеленски побара краткорочна помош за поправка на електричната мрежа и долгорочни инвестиции во енергетскиот систем на земјата. Апелираше до лидерите за поголема помош во оружје.
„Ќе излеземе од оваа конференција со договори вредни милијарди евра за нашата одбрана, за производство на воена опрема и оружје во Украина, за нашиот енергетски сектор, за поправка и развој на нова и помодерна енергија и за нашите социјални животот. И ова особено се однесува на образованието во заедниците, изградбата на станови и снабдувањето со медицинска опрема“.
Лидерите од Г7 оваа тема ќе ја разговараат и на самитот во Апулија оваа недела, но и начинот како да се забрза процесот на искористување на замрзнатите руски средства.
„Околу 1,5 милијарди евра од неочекуваниот профит ќе станат достапни во јули. 90% од овие средства ќе одат за одбрана, 10% за реконструкција и подоцна оваа недела на самитот на Г7, дополнително ќе разговараме за тоа како Украина може уште побрзо и уште повеќе да има корист од приходите од мобилизираните руски средства. „И сега, ја тераме Русија да плати“.
Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина, по почетокот на руската воена агресија. Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар