Сиљановска-Давкова не го открива името на идниот гувернер, вели дека веќе знае кој ќе биде тој
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер. Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка.
- Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете со сите кои се споменуваат и да разговарате. Да ги прашате што мислат за другите или што мисли дека тој ќе направи, а не е направено…Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но, тоа не е можно секогаш, изјави Сиљановска-Давкова.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова требаше вчера да го достави предлогот до Собранието, но, од нејзиниот Кабинет, информираа дека ќе направи дополнителни анализи по што предлогот ќе го достави до Парламентот.
Како што пренесуваат дел од медиумите, како тројца најсериозни кандидати се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.
Мандатот на актуелната гувернерка завршува утре.
Ново на Сител
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Тема на денот со Митко Трајчулески, пратеник од СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 4 јуни