Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ

- Македонија очекува еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во Европската Унија, заснован врз примена на исти правила и стандарди - истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која денеска во Брисел учествуваше на самитот за проширувањето на ЕУ во организација на „Евроњуз“ (Euronews).
Во објава на нејзиниот фејсбук-профил, Сиљановска-Давкова посочува дека на самитот нагласила оти е потребен суштински дијалог меѓу Европската Унија и земјите кандидатки, во кој двете страни ќе имаат можност да ги изнесат своите аргументи.

Во однос на реформите, претседателката оценила дека постојат капацитети за напредок во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата, но нагласила дека нивното спроведување бара внатрешна политичка волја, како и поттик од Европската Унија.
На самитот учествуваат високи европски и регионални политички претставници, а во фокусот се процесот на проширување на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидатки, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува Унијата во однос на приемот на нови членки.

Во рамките на посетата Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генералот Алексус Грегори Гринкевич, во Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (SHAPE) во Монс.
Предвидени се средби и со претставници на европските институции.
МИА
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
