Синдикатите повикаа на генерален штрајк во Италија – Планирани се 100 демонстрации

Синдикатите во Италија организираат штрајк на национално ниво против десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони и нејзините буџетски политики, во услови на растечки трошоци за живот.
Синдикалната конфедерација ЦГИЛ ги повика работниците во јавниот и приватниот сектор да ја прекинат работата во текот на целиот ден.
Планирани се околу 100 демонстрации и собири низ целата земја, а некои студентски групи најавија сопствени протестни акции.
Училиштата, здравството и јавниот превоз се меѓу погодените сектори.
Во Рим, како и во Фиренца и Џенова, патниците се соочуваат со прекини во автобускиот, трамвајскиот и метро-сообраќајот.
Протестот на ЦГИЛ првенствено е насочен против високите трошоци за живот и буџетските планови на владата на Мелони.
Клучните барања вклучуваат повисоки плати, инвестиции во индустријата и во економски послабиот југ на земјата, како и подобри безбедносни услови при работа.
Синдикатот исто така бара од владата да ги намали трошоците за одбрана и да обезбеди повеќе пари за училиштата и здравството.
- Денешниот ден покажува дека луѓето сакаат да бидат слушнати, дека треба да имаат право на глас и дека бараат одговори на своите потреби, изјави генералниот секретар на ЦГИЛ, Маурицио Ландини, пред централниот протестен собир во Рим.
Политичари од левичарските опозициски партии се приклучија на дел од демонстрациите.
Во неколку италијански градови, работниците и студентите се на улиците уште од утрово.
Националниот штрајк се совпадна со денот на акција на студентите кои протестираат.
За време на една од нивните акции во Рим, можеа да се видат транспаренти со повици за крај на војната и повторното вооружување.
Беа видливи и палестински знамиња, јави ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
-

54-годишник од Куманово истурил две шишиња бензин во семејниот дом и се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката
-

Медведев против Зверев во полуфиналето на завршниот АТП турнир
-

Кривична за две лица осомничени за кражба – Полицијата пронашла украден мебел, радијатори и бела техника
-

МВР: Приведени две лица во Струга, едниот управувал возило со претходно изречена забрана, додека кај сопатникот пронајдена е дрога
