Синот на Џафери и сопругата на Абази избрани за обвинители
Синот на Џафери и сопругата на Абази станаа обвинители. Советот на јавни обвинители денеска едногласно ги избра да влезат во служба на обвинителствата во Гостивар и Кичево. Скандалот со дипломата на синот на собранискиот спикер кој го обелодени антикорупциска, не беше спорен Барлет Џафери да биде обвинител.. Во својата биографија напишал дека работел како приправник во владата, па заминал во секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, а пред да ја запише академијата за обвинител, работел како приправник во обвинителството каде денеска доби вработување. Џафери конкурирал со важечки документи, а како што вели Јолевски, советот немал надлежност да истражува дали тој полагал правосуден без завршен факултет.
Освен синот на собранискиот спикер, едногласна поддршка за обвинител во Гостивар доби и зетот на членот на советот Иџет Мемети кој се иззема од гласањето.. На Џафери и Јакупи, колешка им стана и Александа Димоска.. Сите заедно беа дел од последната генерација на Академијата за судии и јавни обвинители.
Семејството Абази пак доби уште еден обвинител. Откако лани на чело на одделението за гонење оргнаизиран криминал и корупција, застана Ислам Абази, во иднина и неговата сопруга ќе води обвинителски истраги, но на територијата на Кичево.. Пред да почне да се обучува за јавен обвинител, според биографија, Албулена Абази била вработена во Дирекцијата за заштита и спасување во Кичево.
Обвинителско место доби и синот на апелациониот судија Енвер Беџети за кој беше утврдено дека намерно го застарел предметот за масовното прислушување.. Јетмир Беџети ќе работи во тетовското обвинителство, а според неговата биографија претходно работел во адвокатска канцеларија.
Членовите на советот ги пофалија избраните кандидати – нивното место на живеење но и претходното искуство биле клучни да добијат поддршка.
Обвинителско место по завршување на академијата, бараше и синот на поранешениот претседател на судскиот совет.. Зоран Здравев конкурурал за обвинителството во Велес, но тој не беше избран.. Заедно со уште десетмина со кои две години учеа за обвинители, втора шанса ќе имаат за околу еден месец. Советот најави дека нов оглас за вработување на обвинителите кои денеска не беа избрани, но и оние кои го испуштија првиот оглас.
Од денеска нови обвинители ќе имаат и Велес, Св Николе, Делчево, Дебар, Прилеп, Куманово, Охрид и Струга.
Нивниот работен ангажман ќе почне на први идниот месец.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
