-->
-->
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-->
Во СВР Велес денеска било пријавено дека околу 09.00 часот на исклучокот од експресниот пат Прилеп - Градско кон автопатот Гевгелија - Скопје, патничко возило „даеву ланос“ со скопски регистарски ознаки управувано од 73 годишниот К.Б. од Скопје, удрило во заштитна ограда, информира попладнево за МИА портпаролот Биљана Ѓаковска.
-Во несреќата е настаната материјална штета. Увид изврши увидна екипа од СВР Велес, појасни Ѓаковска.
Од објавената фотографија на граѓанин на социјалните мрежи се гледа дека К.Б, заштитната ограда од ударот ја качил на покривот на своето возило.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски