Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила

Приведен е возач во Скопје кој управувал возило со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила.
- На 26.03.2026 во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било констатирано дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 4,01 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.
По насоки од јавен обвинител, тој е задржан во полициска станица и возилото му е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-

Законот за Советот на јавни обвинители го помина првото читање во матичната комисија
-

Нова програма на СДСМ: Скратена работна недела, повисоки пензии, нула корупција
-

Министерот за здравство не открива кои доктори незаконски заработувале над 10.000 евра месечно
-

Расте бројот на пациенти со меланом - најзагрозени на истокот од државата
-

Потврда на идентитетот, повисоки плати и пензии и даночни олеснувања – СДСМ ја промовираше програмата
-

Стартува собраниската расправа за законот за Совет на јавни обвинители
-

УМС на ВМРО-ДПМНЕ домаќин на настан на студентската организација на Европската народна партија
-

Домот за стари лица во Кочани станува реалност
