Македонија
10. October 2022 - 16:43

Скопјани бараат совет како да штедат, плаќаат парно, но се грејат на струја

Радијатори наутро и навечер бараат граѓаните на Скопје. Сметаат дека температурите во тие периоди од денот се ниски и неопходно е новоформираната државна компанија да обезбеди греење. Се жалат дека во моментов имаат двоен трошок.

Иако плаќаат парно, принудени биле да трошат струја за греење..

Од Министертвото за економија увераат дека откако на 15ти октомври ќе почне грејната сезона, непречено ќе се одвива снбадувањето со топлинска енергија. 

Бектеши вели дека работата на топланите исток и Запад не е поврзана со процесот во гасната термоелектрана..

Додека најголем дел од корисницните на парно во Скопје ги очекуваат топлите радијатори, засега единствено жителите на Бутел и Чаир добиваат парно греење.. Уште минатата недела од Регулаторната комисија за енерегетика добиле допис дека се обврзани да испорачаат топлинска енергија, па раководството обезбедило гас за десетина дена..  

Засега од регулаторна нема одговор дали и од новоформираната ЕСМ е побарано да обезбеди топлинска енергија и пред официјалниот почеток на грејната сезона..