-->
-->
Скопјанка пронајдена почината во возило на автопатот Гевгелија - Велес
-->

Скопјанка синоќа била пронајдена почината во возило на автопатот Гевгелија - Велес, телото било дадено на обдукција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Во 19:40 часот во СВР - Велес е пријавено дека на автопат Гевгелија - Велес, во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, пронајдена била почината М.Д., на возраст од 56 години од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР - Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција - појаснија од СВР - Велес.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
