Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките

АД ЕСМ Снабдување информира дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа кај дел од потрошувачите ќе има намалена испорака на топлинска енергија.
-Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите, стои во информацијата од ЕСМ Снабдување.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.
Парно греење речиси и да нема во делови од скопските населби Центар, Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец, но и во други населени места.
Родителите во повеќе општини добија повик од училиштата и градинките да дојдат да си ги земат децата, бидејки немаат парно греење.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
