Скопје домаќин на Регионална министерска конференција за демографските предизвици

Регионална министерска конференција на тема „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).
Конференцијата ќе ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, во тек на кој ќе се одржат седум панел сесии со учество на министри, заменици-министри и претставници на меѓународни организации.
На отворањето ќе се обратат и министрите за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и Пио Смит, помошник генерален секретар и заменик извршен директор во УНФПА и Ален Берсе, генерален секретар на Советот на Европа.
На првиот ден од конференцијата ќе се дебатира на панел сесиите: „Демографски трендови и јавни политики: Од предизвик до отпорност“, „Оспособување на луѓето: Човечки капитал, политики ориентирани кон семејството, здраво и активно стареење“, „Поддршка на луѓето во транзиција: Пазар на трудот, социјална заштита, политики за миграција и дијаспора“ и „Меѓународна и регионална соработка за демографска отпорност“.
Вториот ден конференцијата ќе ја отвори претседателот на Собранието Африм Гаши, а предвидени се три тематски панел дискусии.
Ново на Сител
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
-

Литија во село Оровник
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
