Скопје и денеска во хаос - без приватни автобуси и со раскопани улици
Автобуските станици полни, скопјани чекаат од половина до еден час да им дојде автобус. Дополнитело градежните работи на два фрекфентни булевари го отежнуваат сообраќајот низ главниот град. Се доцни на работа, на закажани термини. Раскопаните улици, но и немањето приватни автобуси предизвикуваат хаос низ Скопје. Граѓаните велат јавниот превоз е во хаотична состојба.
Приватниот превозник Слобода превоз чии автобуси не сообраќаат низ главниот град поради тоа што немаат пари за нафта, велат не сакаат да го раскинат договорот со град Скопје бидејќи на тој начин нема да се реши проблемот. Велат не бараат веднаш да им се исплати долгот од околу милион евра, туку да имаат тековни средства за автобусите да можат да возат.
Од град Скопје денеска за прв пат испратиле инспекции во Слобода превоз, но директорот вели дека тоа нема да ги заплаши.
Градоначалничката Арсовска кажа дека автобусите по кои не сообраќаат приватните превозници ќе бидат заменети со автобуси на ЈСП, но според приватните превозници ЈСП нема толкави капацитети и ќе настане дополнителен хаос во градот. Бараат Арсовска лично да ги прими на средба, доколку не со превозниците ќе се договараат да стапат во генерален штрајк.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
