Скопје меѓу десетте „најпотценети туристички дестинации“ во светот
Списанието „Тајмaут“ сподели листа на „најпотценетите дестинации во светот што треба да ги посетите во 2026 година“, а на неа се најде и македонската престолнина. Уредничката за патувања на изданието, Грејс Брд издвои 33 градови и знаменити месности од целиот свет, а Скопје е на 8. место.
„Не без причина Скопје е наречен 'Лас Вегас на Балканот'. Македонскиот главен град е земја на чудата со кичести статуи, вклучувајќи ја и репликата за почит на Триумфалната порта од Париз и 22-метарскиот 'Воин на коњ' со фонтана. Ако чувството дека посетувате тематски парк за возрасни не е доволно, тука е и историскиот пазар - Старата чаршија, совршен за попладне минато во пешачење“, се вели во описот.
За крај, редакцијата го препорачува македонското тавче-гравче, коешто не е тешко да се најде во Скопјe.
На топ-листата се најдоа и полуостровот Оса (Костарика), градот Кари-ле-Руе (Франција), автопатот „Тиога пас“ (Калифорнија, САД), Филандија (Колумбија), Ишикава (Јапонија), Сребреник (Босна и Херцеговина), Флам (Норвешка), Њукасл (Австралија) и многу други.
МИА
Ново на Сител
-
Корупцијата и организираниот криминал имаат силно влијание врз независното функционирање на институциите и државата
-
Водостојот на Охридското езеро продолжува да опаѓа
-
Преглед на вестите од светот
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски