Македонија
10. January 2020 - 16:47

Скопје во 5 најзагадени градови во светот

Скопје утринава беше петти најзагаден град во Светот. Штетните ПМ честички и синоќа ги гушеа граѓаните. Повеќе кратно зголемување на аерозагадувањето имаше во повеќе скопски општини, но и во Кавадарци, Тетово, Струмица...

Во меѓувреме јавното обвинителство соопшти, нема докази дека Дрисла го загадува воздухот и нема да отворат предмет за сомневањата дека е сторено кривично дело  незаконско согорување медицински отпад на депонијата.

Повеќе анализи покажаа дека најголема причина за загадувањето е индустрирата и несоодветно затоплување во домаќинствата.

Според лекарите загадениот воздух го намалува имунитетот и може да предизвика сериозни компликации кај многу болести.

-Загадениот воздух го намалува имунитетот и влујае не само кај грипот, туку и кај сите други респираторни заболувања, изјави прим. д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во ИЈЗ

Минатата недела во земјава официјално се регистрирани 200 лица болни од грип. Епидемиолозите очекуваат бројот значително да се зголеми со почетокот на второто полугодие.

По откажувањето на бесплатната донација на вакцини против грип, здравствените власти извршиле пренамена на околу 4.500 дози набавени за комерцијална употреба сега граѓаните и медицинските лица да можат да се вакцинираат бесплатно со закажување преку Мој термин.