Словачка дозволи лов на кафеави мечки, месото барано и понудено за јадење

Месото од кафеавите мечки – заштитен вид во Европската Унија, наскоро ќе биде достапно за консумирање во Словачка. Имено, словачката Влада минатиот месец одобри лов и убивање на околу четвртина од 1.300 мечки во земјата.
Мечките станаа политичко прашање во Словачка по сѐ поголемиот број напади на луѓе, меѓу коишто и со смртни последици. Словачка, по бројот на напади, е втора во Европа, зад Романија, каде што, се проценува, има околу 13.000 кафеави мечки. Планот за заловување беше критикуван од опозицијата, вклучително и политичарите во Европскиот парламент. Но, иако кафеавата мечка е наведена како „речиси загрозена“ во ЕУ, словачките власти продолжуваат со планот. Најавена е и продажба на месото за јадење. Организациите под капата на Министерството за животна средина од следната недела ќе може да го понудат месото – под услов исполнување на сите законски и хигиенски услови.
Животните досега беа испраќани во собиралиште за трупови на убиени мечки, но министерот Филип Куфа смета дека тоа е „расипнички“ потег.
– Ќе дозволиме конзумирање на секое застрелано животно кое исполнува одредени услови… Зошто? Затоа што месото од мечка може да се јаде, објасни тој.
Околу јадењето месо од мечка, здравствените власти предупредуваат на опасноста од трихинела – паразит којшто предизвикува повеќе сериозни болести кај луѓето.
Месото од мечка не се јаде вообичаено во Европа и се смета за деликатес само во неколку подрачја, како што се делови од Источна Европа и нордиските земји.
Кафеавите мечки се строго заштитени според директивите на ЕУ. Може да бидат убивани само во исклучителни случаи – како закана за јавната безбедност, и кога нема други алтернативи. Во повеќето земји-членки на ЕУ, строгите правила за лов и заштитениот статус на мечките значат дека месото е ретко достапно. Кога е тоа случај, обично се работи за дозволен т.е. контролиран и лиценциран лов. И, најчесто, тоа месо не се наоѓа во обични продавници или ресторани.
Ново на Сител
-

Владата со одлука - да се проверат на сите фирми кои имаат лиценци за производство на канабис
-

Филипче: Акцијата на власата е дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница
-

Стручна конференција: Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров
-

Охридскиот студентски дом два дена без струја
-

О. Карбинци бара „Safe city“ камери поради црната сообраќајна статистика
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
