Македонија
10. February 2026 - 12:21

О. Карбинци бара „Safe city“ камери поради црната сообраќајна статистика

Градоначалникот на Kарбинци на барање на мештаните ќе поднесе иницијатива до МВР, на сообраќајниците на територија на општината да бидат поставени камери од системот „Safe city“. СВР-Штип неодамна ја презентираше црната статистика за изминатите неколку години, според која поразително, Карбинци спаѓа во првата група општини. 

- Јас се изненадив, зашто не ја знаев оваа анализиа од претходно дека, Кабинци е во првата група со најмногу жртви по глава на жител и по процент на вакви несреќи. Така што, дали треба, апсолутно да, дополнителна заштита за сите граѓани и за сите учесници во сообраќајот, изјави Виктор Паунов, градоначалник на Кабинци.

„Црна точка“ на патиштата во општината е сообраќајницата која минува низ селото Стар Караорман., каде како што тврдат жителите, наместо да се вози според ограничувањата во населено место, возачите се однесуваат како да се на автопатска делница.

- Овде еден со 160 км/ч излета од патот накај гробиштата, а нашата ограда целата ја однесе. Кога одевме со комшиката на работа, колата пред нас зе заврте не дај Боже и двете ќе не згазеше.

- Знаци постојат. Еве го знакот над дрвото, пишува 40, наваму треба да намали, ама ноќното возење секој не го знае.

- Имаше случки кога на жената две возила и влегоа во дворот, од брзина.- анкета жители с. Стар Караорман.

Мештаните секојдневно стравуваат за своите животи и за најблиски, посебно за децата и повозрасните. 

- Не ми се допаѓаат овие работи што се вози пребрзо, дечиња претрчуваат. Има стари луѓе кои не се подвижни, кои се во инвалидски колички, не дај Боже може некого да убијат.

- Свеста на возачите е на нула, а секој треба да биде свесен во населено место колку се вози- анкета жители с. Стар Караорман.

Поставувањето на камерите од „Safe city“, во прво време на критичните точки и во населените места ќе ја има превентивната улога, а во иднина ќе ја подигне и свеста на возачите.