Македонија
10. February 2026 - 12:21

Охридскиот студентски дом два дена без струја

Студентскиот дом Никола Карев во Охрид втор ден остана без струја .

Студентите немаат греење ни топла вода а според видеото споделено на Студернтарија мк во вечерните часови се  движат со свеќи во рацете во целосна темница без никакви услови за учење .Дополнителен проблем е и мензата каде јадат а во студентскиот дом ја има и народната кујна каде има 40тина корисници социјални случаеви.

Директорот на домот вели дека поради неплатени сметки кон ЕВН три месеци исклучена е струјата додавајќи дека државниот дом нема доволно финансии ниту за плати ни за останати режиски трошоци.

Куцински се надева дека во текот на денешниот ден ќе бидат платени сметките и ќе се реши овој проблем.