Словачка јутјуб-ѕвезда на 23 години веќе „тежи“ седум милиони долари

Јутјуб-ѕвездата Давид Добрик од Словачка, поради своето хоби кое веќе може да се нарече и професија, на 23 години веќе има богатство од седум милиони долари.
Тој има 15 милиони следачи на Јутјуб. А, според една анкета на угледниот аналитичар Пајпер Џафреј, спроведена меѓу 9.500 испитаници тинејџери, Добрик е најпопуларен меѓу т.н. Јутјубери.
Неговата популарност, Јутјуб активностите, како и блоговите му донесоа улоги во неколку филма, а потоа и ангажманот лани како водител на наградите Избор на тинејџерите (Teen Choice Awards)…
Давид е роден во 1996 година во Кошице, Словачка. Кога имал шест години, се преселил во САД, поточно во Чикаго, заедно со своите родители. Кога завршил средно училиште, неговите родители му поставиле услов – ако не сака колеџ, да се исели од дома.
Тој избрал селидба. Во 2013 година, тој се преселил во Лос Анџелес и тогаш ја открил апликацијата Вајн, со која може да се објавуваат видеоснимки долги најмногу шест секунди и да се споделуваат.
Така, неговата креативност секој ден оттогаш му носи сè поголема слава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
