Словенија воведува ембарго на оружје за Израел
Словенија воведе ембарго за извоз, увоз и транзит на оружје во Израел, две недели откако прогласи двајца израелски министри за персона нон грата, објавија словенечките медиуми повикувајќи се на владино соопштение во Љубљана.
Мерката ја објави премиерот Роберт Голоб по состанокот на словенечката влада. Голоб рече дека Словенија е првата европска земја што презела таков чекор.
Словенија ја призна палестинската држава во јуни минатата година и оттогаш постојано повикува на прекин на огнот во Појасот Газа и зголемување на испораките на помош до енклавата.
Израел ги осуди изјавите од минатата недела на Франција, Велика Британија и Канада дека можеби ќе признаат палестинска држава, велејќи дека ова би била награда за палестинското исламистичко движење Хамас за неговиот напад на израелска територија на 7 октомври 2023 година.
МИА
Ново на Сител
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија