Македонија
12. December 2025 - 16:49

Служба за Брза помош од внатрешноста без основни лекови - Двајца директори на клиники незаконски си зголемиле плати

Итна медицинска помош од внатрешноста нема ниту ампули за болка. Фондот за здравствено осигурување при контролите констатирал дека лековите што ги поседува оваа установа се под минимумот за да функционираат како брза помош. Во друг град иста ваква служба го немала неопходниот тим за работа а имало и таква која наплатувала од пациенти иако не било законски.   

-За проценки каде што сметале дека таа услуга, трнаспорт на пример на пациент до друга установа  што не била предвидена а била наплатена. Во овој момент не би ги именувал здравствените установи каде се востановени овие недостаоци со наплатите, до објавување на извештаите, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување. 

Фондот открил и дека 7 служби за Брза помош имаат неусогласени ценовцни и а домашната посета во Шуто оризари била затворена. Им дале рок на сите контролирани рок од 2 месеци да ги поправат недостатоците. 

Под лупа на фондовските контроли биле и 26 здравствени установи за платите и дежурствата. Откриле дека двајца директори на скопски клиники незаконски си ја зголемиле платата и тоа за 10 проценти. Во други исплаќале додатоци и за смени и за дежурање а 8 воопшто не доставиле податоци што според Фондот укажува дека се проблем неоправдани и несработени дежурства. 

- Значи на сите им упативме барање да извршат поврат на незаконски исплатените средства, дел од следните контроли ќе бидат да видиме дали постапиле, вели Клековски. 

Освен за контролите во јавни здравствени установи, Фондот се пофали дека по извршениот мониторинг на државни институции за оваа година од страна на Агенцијата за заштита на правото до слободен пристап на информации, Фондот е на прво место по транспарентност.