Со бадникарски поворки прославување на Бадник во Скопје
Предвестието на Божиќ го најавија најмладите со бадникарски поворки во центарот на Скопје. Во еден глас дечињата пеејќи ја вечниот Бог од Плоштадот Македонија тргнаа кон Соборниот храм. Сите во рацете држеа ѕвездички кои го симболизираат раѓањето на спасителот Исус Христос.
Насмеани, распеани во голем број се собраа во храмот Св. Климент Охридски каде ги пречека поглаварот на МПЦ ОА.
За нив најрадосен ден е Бадник. Некои за прв пат а некои веќе со години учествуваат во поворките.
Во Соборниот храм по литургијата беше осветено лепчето за новото кумство на старата скопска традиција бадникари.
Честитки за празникот и новото кумство упатија градоначалниците на Скопје и Општина Центар.
На возрасните им беа поделени бадникови гранчиња со кое се украсува секој православен дом.Најмалите беа израдувани со пакетчиња.
Бадник во сечиј православен дом со посна трпеза се дочекува раѓањето Христово, според традицијата во голем број семејства денеска се дели и лепче со паричка. Во православните храмови утре со литургија се означува Христовото раѓање.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
