Со години чека македонско државјанство - случајот заглавен во административни лавиринти
Тања Колева Мемедовска е Бугарка која мака мачи да добие македонско државјанство. Иако ги исполнува сите услови, мажена е за македонец веќе 4 ипол години, нејзиното одобрување за државјанство е заглавено во институционални лавиринти.
Тања е слепо лице, а тоа што не може да добие македонско државјанство и го отежнува живеењето во земјата, ниту може да добие помош за нејзината попреченост, ниту да го напушти домот.
Вели животот во Македонија е поубав, затоа и сака да го добие државјанството. Македонците според неа имаат повеќе разбирање за лицата со попреченост, но и како народ се похумани.
Бара од институциите да и го овозможат она што и следува со закон, вели доволно е што има една попреченост, не сака да и биде хендикеп и тоа што не може да се чуствува како дома во земјата која со супругот заеднички решиле да им биде дом.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
